Владата значително ги поедностави условите за доделување евтини финансиски средства на компаниите за отворање нови работни места. За добивање кредит ќе биде доволно фирмите да имаат само еден вработен, а не најмалку двајца како досега. Исто така, лицето што фирмата планира да го вработи не мора да е на евиденцијата на Агенцијата за вработување минимум три месеци, шест или една година, туку само еден ден. Со ова се проширува основата на трговските субјекти кои може да аплицираат за евтините кредити. Освен нови вработувања, ќе се овозможи и проширување на дејноста. Владата ја задолжи Агенцијата за вработување во текот на следната недела со овие изменети и подобрени услови да објави нов оглас за аплицирање за добивање средства по оваа мерка.
Владата значително ги поедностави условите за доделување евтини финансиски средства на компаниите за отворање нови работни места.
За добивање кредит ќе биде доволно фирмите да имаат само еден вработен, а не најмалку двајца како досега. Исто така, лицето што фирмата планира да го вработи не мора да е на евиденцијата на Агенцијата за вработување минимум три месеци, шест или една година, туку само еден ден.
- Со ова се проширува основата на трговските субјекти кои може да аплицираат за евтините кредити. Освен нови вработувања, ќе се овозможи и проширување на дејноста - рече Александар Ѓеорѓиев, владин портпарол.
Владата ја задолжи Агенцијата за вработување во текот на следната недела со овие изменети и подобрени услови да објави нов оглас за аплицирање за добивање средства по оваа мерка.
- На огласот, кој ќе трае десетина дена, ќе може да аплицираат микро и малите претпријатија, кои имаат барем еден вработен во период од три месеци. Секое ново отворено работно место ќе биде кредитирано со 3.000 евра, а ќе може да се аплицира за отворање максимум три нови работни места - информира портпаролот.
Рокот на поврат на овие средства што поднесувачот ќе ги добие е три години, со грејс-период од една година и со каматна стапка од само 1 отсто. Поднесувачот што добил средства нема да смее да го намали бројот на вработени за кои добил средства во период од 36 месеци, а доколку отпушти некое лице од работа, на негово место ќе треба да вработи друго лице.